
ДЕТАЛИ ЗА ТАЈНАТА МИСИЈА ВО КОЈА АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ИСЧЕЗНАА: Бродот носел боеви глави за ирански балистички ракети?
Американската морнарица се уште ја чешла областа на Аденскиот Залив во потрага по двајца специјалци кои исчезнаа во морето во близина на Сомалија!
Претставник на американската одбрана, според АП, тврди дека мисијата на специјалните сили била да се качат и да преземат брод што носел компоненти за иранските балистички ракети со среден дострел за Сомалија.
Официјалниот претставник рече дека екипажот на бродот, кој пловел без да вее државно знаме, планирал да префрли ракетни делови, вклучувајќи боеви глави и мотори, на друг брод.
– Воената морнарица препозна дека станува збор за брод со историја на транспорт на нелегално оружје од Иран во Сомалија – изјави функционерот кој сакаше да остане анонимен за детали кои не се објавени.
Припадниците на специјалната единица беа стационирани на бродот USS Louis B. Puller, поморски експедициски брод, и патуваа со мали борбени летала за специјални операции. Додека се качувале на спорниот брод околу 20 часот по локално време, морето било разбранувано, а едниот специјалец бил однесен од високите бранови додека другиот скокнал по него. И двајцата исчезнаа.
Тимот кој се качи на малиот брод се соочи со десетина членови на екипажот.
Членовите на екипажот, кои беа приведени, немаа документи, што овозможи да се изврши претрес на пловилото. Оружјето е одземено, а чамецот е потопен. Инаку, тоа е рутинска процедура која обично вклучува дување отворени дупки во трупот.
Американските власти рекоа дека водите во Аденскиот залив се топли и дека специјалните сили се обучени за такви итни случаи.
Морнарицата спроведува редовни мисии во регионот за време на кои заплени оружје на бродови кои се упатуваат кон Хутите во Јемен.
Официјални лица велат дека мисијата не е поврзана со операцијата за заштита на комерцијалните бродови во Црвеното Море или со воздушните напади што САД и Обединетото Кралство ги извршија во Јемен во последните денови.
