Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Детали за хаосот во Романија! Навивачите скандирале „Косово е Србија“ и покажаа транспарент со истата порака
Македонија

Детали за хаосот во Романија! Навивачите скандирале „Косово е Србија“ и покажаа транспарент со истата порака

13/09/2023

AA

Познати се нови детали од големиот скандал на квалификацискиот натпревар за Европското првенство во Германија во 2024 година, откако беше прекинат натпреварот помеѓу селекцијата на Романија и Косово.

Романија не го признава Косово, па веднаш по ждрепката беше јасно дека може да има проблеми. За време на натпреварот од шестото квалификациско коло, романските навивачи скандираа „Косово е Србија“ и покажаа транспарент со истата порака, што предизвика реакција кај фудбалерите.

Демонстративно го напуштија теренот, мечот беше прекинат, но на крајот сепак Романците победија со 2:0 по пауза од 45 минути.

Инаку, Романците за време на интонирањето на државната химна скандираа „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“, потоа развирија транспарент, а играчите на таканареченото Косово „се подигнаа“ и го напуштија теренот во 22 минута.

Официјалниот спикер на стадионот се обидел да ги смири навивачите, но како што пренесуваат медиумите не му било дозволено да каже „Србија“.

– Ве молам, престанете да го скандирате името на нашите соседи (Србија) УЕФА не толерира ревизионизам! Ова е последното предупредување! Вложуваме големи напори да ја продолжиме играта. Ако продолжите да го скандирате тоа, дефинитивно ќе биде прекинато – најавувачот неколку пати се обиде да ги смири фановите, но тие не ги послушаа.

Натпреварот продолжи по пауза од 45 минути, но следеше нов инцидент, судир меѓу играчите на двата тима, а од трибините уште еднаш се слушна „Косово е Србија“. По натпреварот романските специјалци ги опколија ултрасите кои навиваа „Косово е Србија“. Инаку, медиумите во Романија потсетуваат дека на натпреварот во Приштина навивачите на Косово беа непријателски настроени кон гостите, ја исвиркаа романската химна, па сега им вратија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy