
ДЕТАЛИ ОД НАЈГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО КРАГУЕВАЦ, ТЕШКА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – крадците однеле златни прачки, златници и накит
Злато вредно половина милион евра, како што дознава Курир, е украдено од приватна куќа во Крагуевац.
Кражба на златни прачки, златници и накит се случила во населбата Мала Вага во Крагуевац, а пријавената вредност на украдените вредни предмети е 60 милиони динари.
Иако од полициската управа се уште нема официјална изјава за оваа прилика, судејќи според информациите од повеќе добро упатени извори, ова е досега најголемата индивидуална кражба на вредни предмети во Крагуевац.
Истрагата е во тек, а полицијата меѓу другото ги проверува снимките од надзорните камери во тој дел од градот. Инаку, ова не е единствената неодамнешна кражба од поголема вредност која се уште не е расветлена.
Курир.рс