Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕСНИЧАРСКИОТ ГЕРБ НА БОЈКО БОРИСОВ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: „Со ваква победа можеме да прифатиме компромис“
Регион

ДЕСНИЧАРСКИОТ ГЕРБ НА БОЈКО БОРИСОВ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: „Со ваква победа можеме да прифатиме компромис“

28/10/2024

AA

Десничарската
партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните
парламентарни избори во Бугарија, според кои партијата освоила 25 отсто од
гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформската коалиција на партијата
Продолжуваме со промените и десничарската демократска Бугарија.

„Од денеска па
натаму – посветени сме на формирање влада. Со ваква победа можеме да прифатиме
компромис, но нема да го заобиколиме гласот на народот. Нашата агенда ќе биде
фундаментална за идната влада“, рече Борисов.

Тој им се
заблагодари на Бугарите за големата излезност.

„Со ваков одговор
можеме помирно да зборуваме за тоа како новиот парламент ќе ја претставува
волјата на народот“, рече Борисов, пренесува бугарската агенција БТА.

„До утре наутро
може да се случат многу промени, освен кој ќе биде јасен победник. Парламентот
е математика. Бројот на партии е од огромно значење. Ако влезат сите овие
партии, веќе знам дека влада нема да има“, рече Борисов коментирајќи ги
првичните резултати.

Конечните
резултати се очекуваат денеска, а доколку прелиминарните податоци се покажат
точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора
да влезе во коалиција за да формира кабинет.

Политичките
аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои значително не се
разликуваат од претходните шест избори одржани во последните три години, може
да доведат до ново гласање, објави Радио Слободна Европа.

На последните
избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во
парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа

04/02/2026
Македонија

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026
Македонија

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентарот во Грција

04/02/2026
Македонија

ВИДЕО Нов ЛЕД екран на стадионите – ФФМ го подигнува

04/02/2026
Македонија

ЗАВРШИ БЛОКАДАТА КАЈ БАИР Сообраќајот сè уште пренасочен, „Македонија Пат“

04/02/2026
Македонија

Хидро аларм за утре: Потенцијална опасност од излевање на реките 

04/02/2026
Македонија

Протестот во Битола заврши, сообраќајот сѐ уште се пренасочува

04/02/2026
Македонија

Занаетчиите предупредуваат: Наглото зголемување на минималната плата може да ја

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа 3,7 степени

04/02/2026

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија вечерва во 19 часот и 50 минути регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,7, чиј

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026

Од 10 април 2026 година, патниците од земји надвор од Европската Унија кои ќе поминуваат низ надворешните граници на 29

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентарот во Грција

04/02/2026

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy