Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Десеткуваниот Вардар храбро до реми на Исланд!
Спорт

Десеткуваниот Вардар храбро до реми на Исланд!

19/11/2024

AA

Македонскиот вицешампион Вардар извлече нерешен резултат на гостувањето на Исланд, играјќи 34-34 со домаќинот Валур.

До бодот, „црвено-црните“ стигнаа со гол во последната секунда од пенал, преку Срдановиќ откако претходно, на околу минута до крајот, испушти шанса да дојде до водство кое можеби ќе го однесеше и до победа. Сепак, треба да се знае дека и за малку ќе загубеше затоа што на 20 секунди пред крајот прими гол и потоа среќно изнуди пенал и дојде до израмнување.

Во останатиот дел од мечот, Валур беше во постојана предност, во првото полувреме со највисоки +5 (14-9), но успеваше да се врати во игра. Последен пат Исланѓаните имаа повисока предност на 12 минути пред крајот, со 29-26, но Вардар повторно успеа да се врати и да израмни на 30-30. Своето прво водство, нашиот тим го имаше на помалку од три минути пред крајот кога преку Јагуриновски поведе со 33-32, а потоа дојде драматичната завршница во која двата тима се задоволија со по еден бод.

Георгиевски, Срдановиќ и Маргели со по пет гола беа најефикасни во тимот на Вардар, но мора да се знае дека новиот тренер Лозано ги немаше на располагање Борозан, Лазаревски и голманот Еспиња. „Голманот Васил Гогов се истакна со седум одбрани. Црвено-црните“ сега се со само теоретски шанси за пласман во следната фаза бидејќи имаат вкупно три бода, два помалку од Порто на кого му гостуваат во последното коло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy