Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕСЕТ ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ – толку лани успеале да се подноват со нова кола, другите морале да се задоволат со „половњаци“
Економија

ДЕСЕТ ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ – толку лани успеале да се подноват со нова кола, другите морале да се задоволат со „половњаци“

07/02/2024

AA

Десет илјади
Македонци. И тоа можеби не се сите тие поединци, туку дел се и фирми или
државни институции. Битно е дека само толку нови возила биле купени од
македонските граѓани во текот на минатата година, што за волја на вистината,
пак, е многу повеќе од претходната 2022 година.

Царината ги
објави бројките на увезени возила за минатата година, и тие говорат дека лани,
за сите 12 месеци, во земјава влегле 9.999 нови автомобили.

Повторно тие се
многу помалку од употребуваните, чии број изнесува 33.213 коли, значи за над
три пати повеќе. Тоа покажува дека Македонецот и натаму преферира да вози
користен автомобил, бидејќи, колку и да скокна цената на „половњаците“, тие се
сепак многу поприфатливи за нашиот граѓанин.

Наспроти тоа, за
споредба, во претходната 2022 година, биле набавени 8.790 нови „убавици на
четири тркала“, наспроти 23.381 употребувани автомобили.

Значи, Македонците
во 2023 година, набавиле вкупно 47.050 возила, наспроти 35.458 илјади во 2022
година. Значи, лани сме набавиле за над 11 илјади возила повеќе во споредба со
2022 година, а растот многу повеќе се должи на употребуваните возила.

Инаку, најмногу нови коли лани сме набавиле во јуни, вкупно 1.009 нови возила. 

Во секој случај,
останува суровата вистина дека нашите граѓани многу потешко можат да си
дозволат нов автомобил, бидејќи, познавачите говорат дека многу од набавките на
новите коли се должат и на подновувањето на возниот парк на државните
институции.

За јануари
годинава колку возила се увезени нашата Царина нема податоци, но затоа
Хрватите, на пример, како што пишува Пословни.хр, пресметале дека во јануари се
продадени 4.461 нов автомобил, што е за 33 отсто повеќе од минатиот јануари,
кога беа продадени 3.346, покажуваат податоците на „Промоција плус“, врз основа
на евиденцијата за регистрација.

Во првиот месец
од годинава хрватските граѓани најмногу купувале автомобили на бензин и
хибриди.

Автомобили на
бензин се продадени 2.057 или 46,1 отсто од вкупната продажба, хибриди 1.354
или 30,4 отсто. Дизел моторот го избрале 830 клиенти, или 18,6 отсто, а
плинскиот мотор 124 или 2,8 отсто.

Целосно
електричниот модел го купиле 96 хрватски граѓани или 2,2 отсто.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy