
Дербито во Глазгов без победник, АЕК совладан во Белгија!
Шкотланѓаните на двапати водеа, прво со голот на Сима во 45. минута, единствен во првиот дел, а потоа Матондо во 76-тата, откако ПСВ претходно изедначи со голот на Сангаре. Лук Де Јонг во 80. минута биеше прецизно за 2-2, носејќи му солиден резултат на холандскиот тим пред реваншот на својата арена.
GOAL
Rangers: 1-1 :PSV
Ibrahim Sangare#RANPSV pic.twitter.com/YmwZYmmgNw— ‘ Burak | Dutch League #Eredivisie 🇹🇷🇳🇱 (@DutchLeagues) August 22, 2023
АЕК, по сите драми со Динамо Загреб не успеа да остане непоразен на гостувањето кај Антверпен и загуби со 0-1. Јансен го постигна победничкиот погодок уште во 16 минута, кој потоа успеаја да го сочуваат и покрај црвениот картон уште рано во вториот дел.
СО 1-0 славеше и Копенхаген, но како гостин кај Раков, во Полска. Радоста на Данците, всушност им ја донесе домашниот фудбалер Раковитан, со автогол уште во деветтата минута.
