
Депај со голчиште од 30 метри му донесе три бода на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Тој влезе во игра по скоро еден час игра и нецели десетина минути подоцна покажа огромна класа и со вистинска бомба од триесетина метри ја скина мрежата на противничкиот голман. Депај го замени Алваро Мората, кој пак го отвори резултатот на оваа средба во четвртата минута од судиското продолжение од првото полувреме.
Во меѓувреме, Саму во 62. минута го изедначи резултатот, но радоста на гостите траеше само пет минути по што следуваше блескавиот потег на Холанѓанецот, а Маркус Љоренте во буквално последните секунди го постигна третиот гол за составот од Мадрид.