
Депај го однесе Атлетико Мадрид во полуфиналето од Купот на Шпанија! (ВИДЕО)
Атлетико Мадрид можеше многу порано во мечот да дојде во водство. Во 26. минута Гризман изведуваше пенал, но се лизна и ја шутна топката многу високо над голот на Севиља.
Голот конечно беше постигнат во 79. минута кога по асистенција од Кореа, Депај се снајде најдобро и ја спроведе топката во мрежата на Севиља за победа од 1-0.