Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денот Д за Зимзоленд – треба да се произнесат за забелешките при инспекцискиот надзор
Македонија

Денот Д за Зимзоленд – треба да се произнесат за забелешките при инспекцискиот надзор

19/12/2025

AA

Денеска истекува рокот во кој организаторите на манифестацијата „Зимзоленд“ треба да се произнесат по забелешките утврдени при инспекцискиот надзор, соопштуваат од Општина Аеродром.

Од локалната самоуправа најавуваат дека веднаш по истекот на рокот ќе постапат согласно законските надлежности, при што ќе биде земено предвид и изјаснувањето на организаторите во однос на констатираните неправилности.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информира дека општинските инспекциски служби извршиле теренска контрола, по што е составен записник со конкретни наоди и забелешки, кој е официјално доставен до организаторите на настанот.

Како што посочуваат од Општината, конечната одлука за понатамошните чекори ќе биде донесена врз основа на резултатите од извршениот надзор и доставеното изјаснување, по што јавноста ќе биде навремено информирана за исходот.

Според информациите, паркот поставен на приватна сопственост во Аеродром беше предмет на инспекциски надзор, при што е констатирано дека субјектот нема добиено одобрение за поставување на луна паркот од надлежен орган на Градот, но и покрај тоа продолжува непречено да работи.

Исто така, и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет за функционирањето на новогодишниот лунапарк „Зимзоленд“ во Општина Аеродром за да се испита дали постојат елементи на кривично дело предизвикување општа опасност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy