Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денков: Бугарија нема други барања кон Македонија освен договореното во „францускиот предлог“
Македонија

Денков: Бугарија нема други барања кон Македонија освен договореното во „францускиот предлог“

23/11/2023

AA

Сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година врз основа на договорено со т.н. „француски предлог“, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата насловена „Ова е Европа“.

– Низ годините нашите односи се влошија и не мислам дека за тоа е виновна Бугарија. Условите мора да се исполнат од страна на Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес и од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја, рече Денков, додавајќи дека во тука не станува збор за односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквиот став на Денков претставуваше одговор на зебелешката на германскиот европратеник од редовите на Зелените, Рајнхард Бутикофер, кој го праша бугарскиот премиер што ќе стори Бугарија за да ја отвори вратата за влез на Северна Македонија во ЕУ.

– Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да си ги отвори вратите на Европа, истакна Бутикофер.

Тој додаде дека Денков во обраќањето ниту еднаш не ја спомена Северна Македонија, чиј „влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“, додека во исто време членовите на Европскиот парламент можеле да го слушнат говорот на омраза на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

На зебелешката на Бутикофер, реагираше бугарскиот европратеник Андреј Слабаков, кој како и Џамбазки е член на националистичката партија ВМРО-Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

– Сакам да му порачам на колегата од Зелените: Не кажувајте дека Џамбаски користи говор на омраза додека тепаат и убиваат Бугари и им забрануваат да се самоопределат, туку дознајте што се случува во Македонија, рече Слабаков.

Џамбаски, кој е копретседател на ВМРО-БНД, во реакцијата на обраќањето на Денков му порача на бугарскиот премиер дека треба да се води од патриотизмот и националните интереси, а не да им служи на странски интереси и наместо да зборува „за авиони, шарени балони и други глупости“, треба да ги истакнува и штити интересите на бугарските граѓани.

Џамбаски нагласи дека Денков треба да говори за високите цени на основните продукти и на енергенсите, кои според него се последица на „зелените политики на ЕУ“, како и за односот кон Бугарите „во Северна Македонија и Србија, каде што до ден денешен им се газат човековите права и се прогонувани“.

Тој воедно ги обвини и европратениците од редовите на либералната групација Да ја обновиме Европа (РЕ) дека не кажуваат ништо „за репресијата, насилството и негирањето на правото на самоопределување“ на Бугарите.

– Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Република Северна Македонија, изјави Џамбазки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди

29/10/2026
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

29/10/2026
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски

29/10/2026
Македонија

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите,

29/10/2026
Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори

29/10/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ

29/10/2026
Македонија

СИТЕ БЕЗБЕДНО ДА СТАСАМЕ ДО СВОЈАТА ЦЕЛ! Кампања на ОКТА,

29/10/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46431
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУ

29/10/2026

„Република Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА Мора да се реагира во

29/10/2026

Годишно, на 100.000 жители има од 200 до 300 граѓани со мозочен удар, што нè става некаде на врвот на

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски ја открил шемата и побарал

29/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски, откри дека денешната полициска акција е поради двојна наплата на здравствни услуги од страна на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy