
Дени Масев осуден на четири години затвор за трговија со дрога
Поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентација, Дени Масев, е правосилно осуден на четири години затвор, откако на вчерашното рочиште го призна делото поврзано со набавка и продажба на дрога.
Заедно со Масев вина признаа и уште тројца обвинети во истиот случај, во кој како првоосомничен се води Раде Трајковски, познат под надимакот Штекли.
Масев беше разрешен од функцијата спортски директор на почетокот од оваа година, веднаш по отворањето на истражната постапка. Тој своевремено имаше и активна улога во работата на Фудбалската федерација на Македонија.