
Дени Илиев со неверојатен кикс – прими гол од 35 метри! (ВИДЕО)
Амер Хирош го постигна првиот гол за Железничар во 12. минута од слободен удар, откако го измами Илиев кој излезе далеку од гол-линијата.
Сараево се закани неколку пати кон голот на Железничар, но не постигна ниту еден гол, а казната стигна преку Марин Галиќ кој погоди двапати во второто полувреме за конечни 3-0.
Видеото од првиот гол на Железничар и киксот на Илиев може да се погледне ТУКА.
Железничар се наоѓа на осмата позиција со 23 бодови, додека Сараево е на четвртото место со 33 бода.

