
Денеска времето во Скопје ќе биде претежно сончево, најстудено во Берово -9
Минимални температури (во °С) -9 Берово, -7 Битола, -6 Маврови Анови, -5 Претор, Попова Шапка, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, Демир Капија, -4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, Куманово, Охрид, -3 Гевгелија, Велес, Крушево, Кавадарци, -2 Скопје-Зајчев Рид, Виница.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

