
„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ – таткото на Данка со потресна порака
Данка Илиќ (2) e убиена на 26 март во Бањско Поле, а за нејзиното убиство осомничени се Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50). Девојчето денеска на 6 мај ќе наполнеше две години, но наместо тоа, 40 дена по нејзиното исчезнување, полицијата се уште трага по телото на девојчето.
По повод нејзиниот роденден се огласи нејзиниот татко Милош Илиќ.
Драгијевиќ и Јанковиќ беа уапсени на 4 април, откако признаа дека го удриле девојчето со автомобил, ја задушиле и го отстраниле нејзиното тело.