Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска се празнува Светиот маченик Исидор
Македонија

Денеска се празнува Светиот маченик Исидор

27/05/2023

AA

Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт.

Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“. Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жили, а потоа му го отсекоа јазикот. Меѓутоа, и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име.

Војводата пак, го постигна Божја казна и одеднаш онеме. Нем најпосле даде знак да го убијат Исидор со меч. А Исидор ѝ се зарадува на пресудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губилиштето, каде што му ја отсекоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погреба неговото тело, а за таа своја постапка и самиот пострада и прими венец на мачеништво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со

01/09/2026
Македонија

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон

01/09/2026
Македонија

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со

01/09/2026
Македонија

13-годишно дете во исклучително тешка состојба по тепачка во Чаир

01/09/2026
Македонија

Клековски за повреденото дете од Чаир: Има убод во срце,

01/09/2026
Македонија

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина: Ново греење, изолација

01/09/2026
Македонија

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се појавува

01/09/2026
Македонија

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен

01/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината

01/09/2026

Со почетокот на новата учебна година, премиерот Христијан Мицкоски упати порака до првоодделенчињата и сите ученици во основните и средните

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со нож е повредено 13-годишно дете

01/09/2026

Тројца скопјани се повредени во физичка пресметка што се случила синоќа во Чаир, при што бил употребен нож. Полицијата денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy