Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска се празнува Прочка
Македонија

Денеска се празнува Прочка

02/03/2025

AA

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026
Македонија

ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО Мицкоски откри што

04/02/2026
Македонија

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот

04/02/2026
Македонија

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026
Македонија

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по

04/02/2026
Македонија

Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со

04/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа

04/02/2026
Македонија

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41046
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026

По вторпат во текот на денот, вечерва граѓаните во делови од Македонија почувствуваа земјотрес. Потресот е регистриран во 23:10:59 часот

ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО Мицкоски откри што се договарало вечерва во Владата

04/02/2026

Во Владата вечерва се одржал состанок посветен на Реформската агенда, со фокус на унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот комплекс ОХИС

04/02/2026

И покрај молкот и минималните информации што институциите ги пласираат во јавноста околу случајот со запленетата марихуана во Србија и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy