
Денеска повторно невреме низ Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.

