
Денеска не очекува сончев ден, температурите до 22 степени
Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.
До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно, до вторник во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.