
Денеска на владина седница ќе биде разгледан буџетот за 2025 година
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека на денешната владина седница ќе биде разгледан предлог буџетот за 2025 година. Мицкоски оцени дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот. „Буџетскиот дефецит мислам дека е околу 41-42 милиони денари. Оваа година е добро што немаме драстично зголемување на дефицитот“, рече Мицкоски.