Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска го празнуваме Свети Јован, епископ Готски!
Македонија

Денеска го празнуваме Свети Јован, епископ Готски!

01/06/2023

AA

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Свети Јован, епископ Готски.

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики). Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно.

Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“ (т. е. умирајќи ќе отиде пред престолот Божји). И така беше. Четириесеттиот ден се престави и отиде кај Господ. Се упокои мирно во 8 век.

Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Пруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен

Пострадаа за верата Христова во времето на Јулијан Отстапник, во Бруса Азиска. Царскиот намесник Јуниј ги доведе овие светители пред врели води и го запраша Патрикиј: „Кој ги создаде овие лековити води, зарем не нашиот Ескулап и другите, на коишто им се поклонуваме ние?“ Свети Патрикиј му одговори: „Вашите богови се демони, а овие води, како и с ѐ друго, ги создаде Христос, нашиот Господ и Бог.“ Тогаш намесникот го праша: „А ќе те спаси ли твојот Христос ако јас те фрлам во оваа врела вода?“ Светителот одговори: „Ако сака, Тој ќе ме запази цел и неповреден, иако јас би сакал да се разрешам од овој временен живот за да живеам со Христа вечно; но нека ми биде Неговата Света волја, без која ни влакно не паѓа од главата на човекот!“ Кога го слушна ова, намесникот заповеда Патрикиј да го фрлат во врелата вода. Врели капки прскаа на сите страни и луто ги изгореа мнозина од присутните, но Божјиот светител, на чиј јазик беше непрестајната молитва, остана неповреден како да стоеше во студена вода. Кога го виде ова намесникот се разјари од срам и заповеда на Патрикиј и на тројцата презвитери да им ги отсечат главите со секира. Тогаш овие незлобливи Христови следбеници се помолија и ги положија своите глави под секирата на џелатот. Кога им ги отсекоа главите, нивните души весело се вознесоа во Царството Христово за да царуваат вечно.

Светиот кнез Јован Вологодски

Чудотворец. Богобојазлив и благочестив од малечок, од својот чичко Јован Василевич беше фрлен во затвор заедно со брат му Димитриј. Таму поминаа цели триесет и две години. Пред смртта Јован се замонаши и го доби името Игнатиј.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy