Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска е Св. маченик Созонт: Го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога
Македонија

Денеска е Св. маченик Созонт: Го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога

20/09/2023

AA

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 септември. Денеска е Св. маченик Созонт.

Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надѕор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите.

Во градот настана голема тревога. А Созонт не сакаше некој друг да пострада поради неговото дело, па самиот отиде и му се откри на хегемонот. Овој нареди да го стават на маки. А откако претрпе се, го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога.

Пострада во 304 година.

Според Грегоријанскиот календар за католиците денеска е Св. Еустахиј, Теописта, Теописто и Агапиј.

За овие светци постојат многу легенди. Според една од нив, за време на еден лов Еустахиј фатил еден елен и ме|у роговите ненадејно ја видел сликата на распнатиот Исус, а од небото слушнал глас кој го повикал на спасение на бесмртната душа. Од тогаш Еустахиј, заедно со неговата жена Теописта и двајцата негови синови Теописто и Агапиј почнал да се крсти. Исус му рекол дека ќе биде подложен на тешки измачувања. Еустатиј успеал со помош на Господ да ги издржи тие измачувања. Поради верувањето во Христос, Еустахиј и неговото семејство умреле маченички во времето на владеењето на царот Трајан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy