Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска е Преподобен Харитон Исповедник- основал три манастири
Македонија

Денеска е Преподобен Харитон Исповедник- основал три манастири

11/10/2023

AA

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.

Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.

Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до смртта на Аврелијан. По излегувањето од затворот, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манастирот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. На крајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се успокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската семејна гробница.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Александар Саули.

Роден е во Милано, во 1533 година. Неговиот татко бил гроф, што значи дека потекнувал од богато и почитувано семејство. Александар имал 15 години кога заминал во манастирот во Милано и молел да го примат за калуѓер. Му кажале да стави крст на рамото и да оди на главниот градски плоштад, каде што морал да зборува за покорноста т.е. за исповедта. Плодот на неговото проповедање и говорот за исповедта бил тој, што назад кон манастирската црква го следеле голем број луѓе, желни за исповед т.е. помирување со Господ. Потоа го примиле со радосно срце, во манастирот. На 32-годишнина станал главен генерал во својот ред. Папата Пиј Петти го именувал за бискуп на Корзика. Главна негова мисла била: „Човек мора да ја исполнува Божјата воља”. Александар умрел во 1593 година именуван со светост. Луѓето му се молат за секакви потреби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy