
Денеска е Бадник, а утре Божик
Православните христијани денеска го празнуваат Бадник, денот пред Божиќ – раѓањето на Исус Христос. Од рани зори дечиња, пеејќи коледарски песни ја најавуваат радосната вест за раѓањето на Исус спасителот.
Православните христијански верници во земјава го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.
Одбележувањето на Бадник традиционално ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.
Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кум и здравичар порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.