
Денеска до 40 стептени и УВ индекс 10!
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб претежно северозападен ветер.
ВРЕМЕНСКА НАЈАВА
Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Денес ќе биде многу топло. Дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и до 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.