Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денес се празнуваат: Светите Седум Херсонски свештеномаченици
Македонија

Денес се празнуваат: Светите Седум Херсонски свештеномаченици

20/03/2024

AA

Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ја испушти душата.

Ефрем го убија со меч. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења, сè дури не Му ги предадоа своите души на Бога. Етериј поживеа во времето на Константин Велики, па во мир и слобода управуваше со Црквата, изгради голем храм во Херсон и се упокои мирно. Кога последниот од нив, Капитон, го испратија за епископ во Херсон, дивите Скити од него побараа знак за да поверуваат.

И му предложија да влезе во огнена печка, па ако не изгори тие сите ќе поверуваат во Христа. Со топла молитва и со надеж во Бога Капитон го положи архиjерејскиот омофор на себе, се прекрсти и влезе во вжарената печка држејќи го умот во срцето воздигнат кон Бога. И во пламенот постоја околу еден час без никаква повреда на телото и на облеката, па излезе оттаму здрав.

Тогаш сите повикаа: „Еден е Бог, Бог на христијаните, велик и силен, Кој го сочува слугата Свој во огнената печка!“ И се крсти сиот град и околината. За ова чудо многу се зборуваше на Никејскиот Собор. И сите Го прославија Бога и ја пофалија цврстата вера на свети Капитон. А на Капитон му се случи по патот да го фатат на реката Дњепар незнабожечки Скити и во реката го удавија. Овие епископи пострадаа во почетокот на 4 век.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
Македонија

Износ на казна, доказ фотографија со возилото и регистарската таблица

21/08/2026
Македонија

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири

21/08/2026
Македонија

Училишна кошничка со попусти до 15 отсто – Владата ќе

21/08/2026
Македонија

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45168
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле без возачка дозвола

21/08/2026

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и натпреварувајте се витешки

21/08/2026

Македонските спортисти кои настапуваат на 20. Медитерански игри во Таранто добија поддршка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска го посети

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв

21/08/2026

Повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на планинарската релација Попова Шапка – Титов Врв се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy