
„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи
Дадовме одговор на сите маниупулации со кои беа оптоварувани граѓаните и нивниот животен стандард. Ова го напиша поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи, кој преку својот профил на Фејсбук порача дека благодарение на Законот за нефер трговски практики, донесен во време кога СДСМ беше на власт, ќе донесе поевтинување на над две илјади производи.
– Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ, стапува на сила, ќе поевтинат над 2.500 производи!