Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денес е Св. мч. Агатангел Битолски, роден во Лерин, работел како чевлар во Битола,
Македонија

Денес е Св. мч. Агатангел Битолски, роден во Лерин, работел како чевлар во Битола,

11/03/2024

AA

Денеска е 27 февруари според стар стил и се слави Свети Агатангел Битолски. Во Битола се извршува свечена Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, во чест на Свети Нектариј Битолски.

Податоци за Свети Агатангел Битолски или Агатангел Лерински, роден Лерин, има многу малку, а оние кои ги има ги наоѓаме на кивотот, заветниот кончег, со неговите свети мошти на кој  читаме:

-Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто пострада маченички во 1727 година од следнава причина: Кога сите Агарјани имајќи си зол обичај во трите дена на бајрам да го потурчуваат секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, притоа сочинувајќи и ферман и со Божјо содејство-тие попуштија. Оние, пак, кои не го поднесоа ова, го убија, а главата негова беше воскресната во дните на кир Григориј Пелагониски и од ереите кои беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј. 1827, февруари 25.”

Од овој натпис се гледа дека свети Агатангел пострадал откако дошол во судир со екстремните исповедници на исламот затоа што се спротивставил на присилното исламизирање на христијаните. Подоцна, врз основа на документи од тоа време, а можеби и преку усно предание, во 1827 година, бил составен натписот за причините за неговото погубување што се наоѓа на кивотот со неговите мошти.

Што се однесува на македонското потекло на свети Агатангел, податоци наоѓаме во неговата служба, составена од јеромонах Атанасиј Симоно-петријски. Во синаксарот пишува: “Во дваесет и седмиот ден од месецот февруари, помен празнуваме на светиот и прославен новомаченик Агатангел, од меч пострадан во Битола Македонска, во летото Спасителово 1727.”

Агатангел беше младич, од околу 18 години, по потекло од Лерин, кој работеше како чевлар во Битола. Поттикнат од благодатта Божја, свети Агатангел појде во царскиот сарај и со богомудри зборови пред турските големци се заложи тоа насилно исламизирање на невините христијани на Рамазан да запре.

Светиот Агатангел чесно пострада од нив, простум примајќи небесен венец од Христа, на 17 февруари 1727 година, во градот Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy