
Ден за сензации на УС Опен: Испаднаа Циципас и Оже Алијасим
Својот пат го заврши канадскиот тенисер Феликс Оже Алијасим кој можеби не припаѓа на кремот на светскиот тенис, но стигна до полуфиналето на неодамнешните Олимписки игри во Париз. Тој е елиминиран од Јакуб Менсик од Чешка во три сета (2-6, 4-6, 2-6) и за само нешто повеќе од два часа игра.
Настапот во Њујорк заврши и за 11. носител Стефанос Циципас кој загуби од 86. светски тенисер Танасис Кокинакис со 1-3 (6-7, 6-4, 3-6, 5-7) во маратонски меч кој траеше безмалку четири часа. Елиминацијата на Циципас значи нешто полесен пат за Јаник Синер, но Италијанецот прво треба да го помине Мекдоналд со кого има многу проблеми на стартот од мечот и губи со 0-1 во сетови.