Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ден по Скопскиот земјотрес 1963 г.
Македонија

Ден по Скопскиот земјотрес 1963 г.

26/07/2023

AA

На 27 јули 1963 година, ден по катастрофалниот земјотрес во Скопје, издадено е следното соопштение: „За да се остранат последиците од земјотресот кој го зафати градот Скопје и околината и за да се обезбеди спасување на затрпаните граѓани, расчистување на урнатините и да се острани опасноста од епидемија се превземаат следните мерки: се задолжуваат сите машки лица од 18 до 55 години од подрачјето на град Скопје, Тетово, Велес и Куманово, да учествуваат во расчистување на урнатините и спасување на загрозените лицаа… Се повикуваат и корисниците на техничките средства и возила кои можат да помогнат во несреќата…“

Меѓутоа, тоа утро и без ова соопштение, солидарноста доаѓаше до израз во секој момент. Секоја рака беше испружена кон рушевините кон оние кои бараа помош. Со голи раце и механизација се спасуваа затрупаните под урнатините. Крановите и булдожерите креваа блокови од зградите, кои за неколку секунди беа сревнети со земја, во земјотресот кој го погоди Скопје преходниот ден, на 26 јули 1963 година во 05:17 часот.

По првичниот шок, битката за справување со последиците на земјотресот започна со полн интензитет. Низ улиците беше раздвижена механизација и додека се спасуваа човечки животи, истовремено се расчистуваа урнатини и улици, на слободните простори во градот веќе никнуваа амбуланти и други организирани испостави на органите на власта.  На падините на Водно и Скопска Црна Гора се градеа првите шаторски населби.

Според соопштението на Републичкиот штаб за остранување на општата опасност, на 28 јули 1963 година, до седум часот утрото, од под скопските урнатини беа извадени 691 загинати граѓани. Од нив биле идентификувани 500 лица. Само во општината Идадија, до 19 часот вечерта биле пронајдени стотина лица под урнатините, од кои само десетина живи. Под претпоставки дека тие не се еднинствени, акцијата за спасување била продолжена деноноќно. Човекот едноставно и понатаму и ја подаваше својата рака.

Додека се водеше битката за спасување на лицата кои сеуште се под урнатините, починатите пред да бидат погребани требаа да бидат идентификувани. Првите четири дена после земјотресот на идентификација се работело во кругот на Државната болница, во просториите на Паталошкиот институт и во Капелата.  Со примена на современи методи овие пунктови ја завршија работата. Конечната листа на идентификација на загинатите покажа дека Скопскиот земјотрес  однесе 1070 животи, од кои 470 мажи, 430 жени и 120 деца.  Меѓу загинатите биле 16 страни државјани, кои биле на пропатување низ земјата, како и 10 лица родени во странство, а за кои неможело да се утврди дали се наши или страни државјани.

На 27 јули 1963 година, Градското собрание одржа вонредна седница која резултура со низа заклучоци. Првата работа беше да се обезбедат услови за една систематска и организирана дејност за деновите кои престојат. Со цел решавање на бројните проблеми кои ги наметна катастрофата, како и отварање на патот за обнова на градот, Градското собрание донесе одлука за мобилност на стопанските колективи и нивните органи. Истовремено Градското собрание донесува одлука за формирање на Одбор за проценка на штетите кој ги нанесе земјотресот, што требаше да биде појдовна основа за утврдување за состојбата и потребните средства за обнова на градот.

Од седницата на Градското собрание, кое потоа долго време беше во мобилна состојба и постојано заседаваше, беше упатен и апел до сите граѓани и општини на тогашана Југославија за испраќање помош. Помошта пристигна. Пристигна не само од дома, туку и од надвор. На урнатините на Скопје изникна нов град, град на солидарноста.

И оваа година, Градот Скопје со пригодна свечаност ќе одбележи 53 години од Скопскиот катастрофален земјотрес. Ќе се потсети на оние 1070 загинати и над 3.000 повредени, но и на огромната солидарност, како домашна, така и светска, која овозможи градот повторно да никне како феникс и денес да биде не само метропола, туку вистинска убавец меѓу Балканските метрополи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy