
Демократско движење: Половина сендвич за студентите, министрите за себе над 2.000 евра платa
Ние, Младината на Демократското Движење, денес пред Министерството на Образование и Накуа на Република Северна Македонија, протестираме против промените во Законот за субвенционират оброк на студентите, преку која Министерството за Образование и Наука и Влада ни го ограничува користењето на истото, преку диктат како во времето на комунизмот, и контуинирано не срамат и играат со нашата интелегенција.
Ние, студентите, до крајност сме иритирани затоа што покрај малиот субвенциониран оброк, со која можеме да си дозволиме само пола бургер во специјалните локали за храна, Владата сега ни го ограничува и неговото користење, така што, ова го оценуваме како срамно однесување кон нас идните академски граѓани.
Со одлука на Министерството на Образование и Наука од оваа учебна година, тиа малкумина студенти кои придобиваат од оваа субвенција, им се наметнува овие средства да ги трошат со диктат, од понеделник до сабота, и тоа 140 денари во ден, во специјални места за храна и без право на повлекување на готови средства.
Го оценуваме како срамен чин бидејќи после скандалот на покачување на нивните плати, министерот за Образование добива преку 120 илјади денари месечно, или преку 6.000 денари дневен надоместок, додека на нас студентите и тие 140 денари кои ни ги доделува државата како за милост, не спречува да ги трошиме каде сакаме и на што сакаме.
Бараме субвенционираниот оброк да се покачи на 300 денари, без рестрикции како истите ќе се потрошат, или 6.000 денари месечно, толку колку што министрите добиваат за еден работен ден.
Ако Министерството за Образование и Наука имала средства да плати толку скапа апликација да не контролира како ние го трошиме дневниот оброк, тогаш нека најдат средства со ребаланс на буџетот и да ни нудат студентски оброк во вредност од 300 денари на ден, за сите студенти без селектирање и да ги тргнат прстите од нашата скромна чинија.
Апелираме Владините мерки да ги мотивираат студентите да останат во државава, и да не одобруваат вакви мерки кои поттикнуваат младите да си заминуваат.
Прес конференција на Демократско движење
