Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократскиот сојуз бара забрана за производство на канабис за медицински цели
Македонија

Демократскиот сојуз бара забрана за производство на канабис за медицински цели

06/02/2026

AA

Демократскиот сојуз повикува на итна интервенција од законодавниот дом за да се забрани производство на канабис за медицински цели. Партијата бара Собранието да донесе измена на релевантните закони по скратена постапка.

„Од 2017 година, Министерството за здравство, заедно со други надлежни институции, издало 61 лиценца за фирми кои можеле да произведуваат канабис за медицински цели. Сепак, контролата не функционираше како што треба, што доведе до фингирани кражби, пресметки меѓу наркомафии, заплени од полицијата, но криминалниот бизнис продолжи. Наркомафијата, во која беа вклучени и носители на високи државни функции од претходната власт, стекна огромна финансиска моќ и политичко влијание“, се наведува во соопштението на партијата.

Демократскиот сојуз ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабис и инсистира таа да се спроведува неселективно.

„Јавно да се објават сопствениците – формални и неформални – на фирмите кои произведуваат канабис, како и податоците за лиценците: кој и кога ги издал. Министерството за здравство заедно со другите надлежни институции треба да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие (продадени, на залиха, украдени) и колку профит е остварен. Запленетите 32 тони канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија) се само површински показател за големината на овој наркобизнис, кој има сериозни последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата“, истакнува Демократскиот сојуз.

Партијата бара одговорност и од функционерите во надлежните министерства кои издавале лиценци и не ја спровеле контролата согласно законите, со цел да се спречат понатамошни злоупотреби.

„Одземените количини се премногу за Балканот и далеку над потребите за медицински цели во Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена, затоа се потребни итни законски промени“, заклучува Демократскиот сојуз.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy