Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Нема одговорност за разулавената партиска војска на ДУИ
Македонија

Демократски сојуз: Нема одговорност за разулавената партиска војска на ДУИ

06/01/2024

AA

Судот потклекна под притисокот на ДУИ и не определи притвор за насилниците од ДУИ кои неовластено упаднаа во контролната кула за летање, физички нападнаа контролори и ја загрозија безбедноста на воздушниот сообраќај.
Ако за ова тешко кривично дело нема притвор за насилниците кои можат да го повторат делото, да влијаат на сведоците или да ја напуштат државата (сите имаат повеќе пасоши и други документи за идентификација), како што веќе четворица се недостапни, тогаш не знаме што треба да се случи за државните институции да профункционираат.

Граѓаните со огромно разочарување и револт ги следат случувањата со контролата на летање и не можат да веруваат што се случува во и со државата.

Само да потсетиме, прво реагираше Синдикатот во М-НАВ, за партиските вработувања на кадри кои не ги исполнуваат строгите услови за работа, па повикување во полициска станица на разговор на синдикалниот лидер, следи упад на осуммина во контролата на летање, но нема реакција од полицијата и осумте партиски насилници бегаат. Реагираат медиумите, граѓаните и опозициските партии, се приведуваат четворица од насилниците, но Судот не им определува притвор и што е следно?

Логично е Јавниот обвинител да реагира за да може Апелациониот суд да се изјасни, но  потребна е и соодветна реакција и од Судскиот совет.

Владата предводена од Ковачески не треба да најавува смени, туку по реакцијата на Демократскиот сојуз, требаше веднаш да ги суспендира директорите на М-НАВ и да именува експерти кои ќе раководат со оваа витална  организација.

Гласно и со огромна горчина сите се прашуваме и коментираме, дали законите важат подеднакво за сите граѓани, дали е можно да профункционира правната држава, дали мoже некој да ги запре криминалот, корупцијата и разградувањето на државата од кадрите на ДУИ

Државата е во колапс, а состојбите ќе се влошуваат, затоа во техничката Влада не треба да има кадри од ДУИ, доколку сакаме фер и демократски избори и мирен трансфер на власта.

Интегрално соопштение од ДУИ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy