Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија
Македонија

Демократски сојуз: Не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија

11/02/2023

AA

Демократскиот сојуз денеска до претседателот на Владата ги достави своите ставови во врска со најавената реконструкција на Владата.
Интегрално го пренесуваме дописот од ДС до премиерот Ковачевски:

„ДО ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, ПРЕТСЕДAТЕЛ НА СДСМ И ПРЕТСЕДAТЕЛ НА ВЛАДAТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАЕДОНИЈА


Почитуван претседателе,

Во тек се активности за реконструкција на Владата на Република Македонија, при што во Владата се вклучува Алијанса за Албанците.


Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста.

Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.


ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ги афирмира приоритетите за кои и досега имаше усогласени ставови со СДСМ, но за нивната реализација досега ништо не е направено:

1. Донесување на Измени и дополнување на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица. Предлог-законот е разгледан и поддржан од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, кaкo и од Законодавно – правната комисија. Законот е ставен на дневен ред, но претседателот на Собранието го блокира и не ја закажува седницата за да започне расправа по истиот.

2. Започнување на робусна и неселективна борба против тешките облици на криминал преку целосна департизација на институциите надлежни за откривање и сузбивање ка криминалот, како и донесување на Закон за Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција. Ангажирање на најстручните кадри од постојните институции и алокација на средства од истите во Агенцијата.

3. Реформи на судскиот систем преку измени на Уставот со кои ќе се укине Уставниот амандман со кој се амнестирааат судиите од кривична одговорност за донесена одлука, укинување на трајниот мандат на судиите, ревизија на работата на сите судии и утврдување на имотната состојба.

Донесување на Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој ќе се преиспитат монтираните судско-полициски случаи, преку обезбедување услови за фер судење и можност да се користат и нови докази.

4. Транспарентност на СКРИНИНГ ПРОЦЕСОТ, вклучување на сите креативни и стручни кадри, континуирано информирање на Парламентот, а преку него и на опозицијата, за да се обезбеди и поголемо единство, поддршка и континуитет.

5. Формирање на ФОНД ЗА МЛАДИТЕ, 2% од Буџетот на РСМ за започнување на самостоен бизнис. Создавање на законски предуслови за секој студент по дипломирањето да може година дена да работи во јавниот или во приватниот сектор, со плата во висина од просечната плата, обезбедена од Буџетот на РМ.

На овој начин поголем број од младите ќе останат да работат и да создаваат во Македонија.

6. При формирањето (избор или реконструкција) на Владата и покрај тоа што се работи за политичка Влада, да се води сметка за компетентноста на кандидатите, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, како и за имплементацијата на правилото на Бадентер и Балансерот при вработување. На правична застапеност на сите етнички заедници во изминатите 20 години инсистираше ДУИ, но со најавите за новиот состав на Владата нема гаранции дека тоа ќе се почитува.

7. За да се спречат партиските влијанија при вработување, да се предвиди казна затвор од 3 години, доколку се злоупотребува позицијата за влијание при вработување“, се вели во соопштението испратено до медиумите од Демократскиот сојуз.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy