Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демерџиев: Oдносите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки
Македонија

Демерџиев: Oдносите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки

04/02/2023

AA

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

-Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.

Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки.

Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме. Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев. За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Северна Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.

Во однос на тоа колку бугарски граѓани биле вратени од граница, првиот бугарски полицаец изјави дека во моментов нема информација колкав е нивниот број, но добил информација од министерот Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина, најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.

-Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации, рече Демерџиев.

Според него, патот напред е кон обединета Европа.

-Ние треба да го најдеме патот напред, патот кон обединета Европа. Обединета Евопа претпочита стабилност, заемна доверба и почит. Ние политичарите на двете земји сме должни, да изградиме таква заемна доверба и почит каква што има меѓу народите на двете држави, вели Демерџиев.

За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“ Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата. -Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија, додаде тој.

-Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.

Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот.

-Кога дојдоа граѓани на Република Северна Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на Република Северна Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.

Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Република Северна Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.

-За нас е јасно дека Република Северна Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy