
Деле Али добил сурова порака од Бешикташ: Остатокот од сезоната ќе го гледаш од трибини!
Кога пристигна во Турција, Деле Али беше пречекан како Бог од страна на турските навивачи, но кога почна да игра ги разочара.
26-годишниот фудбалер е на позајмица во Бешикташ, па на лето ќе се врати во Евертон, но веќе нема да игра за турскиот клуб.
Турските медиуми пишуваат дека тренерот Сенол Гуњеш му рекол дека до крајот на сезоната нема да биде во составот, натпреварите ќе ги гледа од трибини.

