
ДЕЛ ОД ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ПО ПОВИСОКИ ЦЕНИ – нема промени кај дизелот
Дел од горивата по полноќ ќе се продаваат по нови цени.
Како што одлучи Регулаторната комисија за енергетика, бензинот Еуросупер БС-95 по полноќ поскапува за половина денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар.
Што се однесуава пак до цените на Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) остануваат исти, соопштија од РКЕ.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 отсто.
Новите малопродажни цени на гориваата кои ќе важат по полноќ се следниве:
Еуросупер БС – 95 – 79,5 денари за литар,
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 73 денари за литар.
Еуросупер БС – 98 – 81,5 денари за литар
Еуродизел БС (Д-Е V) – 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198 отсто, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452 отсто, додека кај дизелот има намалување за 0,043 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815 отсто.
