
Дел од Битола со прекин или отежнато водоснабдување
ЈКП „Водовод“ информира дека поради зголемена потрошувачка на сирова вода, во делови од градот е забележан прекин или отежнато водоснабдување.
Од јавното претпријатие нагласуваат дека не станува збор за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најпогодени се високите делови од ниската зона на градот.
– Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, за да се обезбеди поцврсто и стабилно водоснабдување, велат од ЈКП „Водовод“.
Од претпријатието повикуваат и сите граѓани на совесно и рационално користење на водата за да се избегнат понатамошни проблеми во снабдувањето.