
Деко стави крај на дилемите: Вилијамс ја одбил Барселона
Сезоната почна, до трансфер не дојде, а некогашниот фудбалер, сега во улога на функционер на Барса откри што се случувало.
„Јас сакав да дојде Нико Вилијамс, но тој не сакаше“, кратко објасни Деко кој во летово успеа да ги донесе само Дани Олмо и Пау Виктор.
Барса добро ја почна сезоната, но имајќи го предвид играчкиот кадар и проблемите со повреди, ќе ѝ биде многу тешко да му парира на Реал.