Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје
Македонија

Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје

11/09/2023

AA

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски го испратија текстот од декларацијата од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

„Ние, лидерите на Процесот Брдо – Бриони, водени од начелата на регионална соработка, демократија и одржлив развој, се состанавме во Скопје, на 11 септември 2023 година, со цел да ја препознаеме и истакнеме виталната важност на забрзувањето на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската унија, потребата за прилагодување кон ефектите од климатските промени и дебата во однос на мерките за обезбедување на виталност на општествата преку задржување на младите во регионот на Западен Балкан.  Целејќи кон напредна и безбедна иднина на Западен Балкан како предуслов за напредокот и стабилноста на Европа, го подвлекуваме следново:

Забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија:

Се обврзуваме, преку реафирмирање на нашиот став во врска со политиката на проширување на ЕУ и перспективата за членство на Западен Балкан во Европската унија, како најдиректен придонес кон одржувањето на мирот и стабилноста, а сега, повеќе од кога било и како геополитичко прашање, да го интензивираме стратешкиот дијалог со институциите на ЕУ со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ и да се спречи занемарување на регионот.  ЕУ, како и Западниот Балкан, треба да биде подготвена за проширување во најкус можен рок, но не подоцна од  2030 година за да се постигне оваа цел.

Во однос на постојаната руска агресија врз Украина и ефектот на прелевање кон Западниот Балкан, ја повторуваме потребата од силна, отпорна и инклузивна ЕУ, со Западен Балкан како нејзин дел.

Го препознаваме фактот дека сеопфатни политички, економски и социјални реформи се клучни за пристапување кон ЕУ.  Се обврзуваме да ги интензивираме нашите напори во спроведувањето на реформите на Западен Балкан чија цел е зајакнување на владеењето на правото, напредокот, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.

Потврдуваме дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински за напредување по соодветните ЕУ патеки. Се обврзуваме да работиме заедно за да негуваме атмосфера на заемна доверба, разбирање, мирно и долготрајно решавање на преостанатите билатерални прашања и солидарност помеѓу нас.

Ја истакнуваме важноста на постигнување видливи придобивки и можности за граѓаните на Западен Балкан и пред формалното пристапување.  Оттука, ја покануваме ЕУ да го разгледа отворањето на патишта кои ќе му овозможат на Западен Балкан да пристапи кон специфични ЕУ политики, иницијативи и фондови, на тој начин приближувајќи им некои од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан уште денес.

Во таа смисла, ја подвлекуваме итноста за користење на новата методологија на преговори со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ заснован на заслуги, како и да се осигура напредок на постепената интеграција помеѓу ЕУ и регионот уште за време на самиот процес на проширување.

Борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување:

Препознавајќи ја итната потреба од прилагодување кон брзорастечката закана од климатски промени во регионот, истакнуваме дека прилагодувањето кон климатските промени е споделена одговорност која изискува заеднички напори од страна на нашите влади, граѓанско општество, приватен сектор и меѓународни партнери.  Овие напори треба да бидат координирани со ЕУ и нејзините сродни програми.

Справувањето со предизвиците од климатските промени, зелената транзиција и зелениот раст, заедно со зајакнатата диверзификација на енергенсите и преминот кон обновлива енергија и ефикасност, треба дополнително да се унапредуваат.  Се обврзуваме да го забрзаме преминот кон обновливи извори на енергија и да ја зајакнеме енергетската ефикасност со цел да се намали јаглеродниот отпечаток и да се обезбеди одрѓлива енергетска иднина.  Ова може да вклучува еколошки здрави инвестиции во хидро, соларни, ветерни и геотермални извори.

Го поздравуваме Пакетот за енергетска поддршка во износ од 1 милијарда евра за Западен Балкан, со кој ЕУ ги прошири мерките за солидарност кои беа преземени во рамките на ЕУ по агресијата на Руската Федерација врз Украина, како што е поддршката за ранливи домаќинства и изградба на нова енергетска инфраструктура.

Препознавајќи го богатството на нашите природни пејзажи и биодиверзитет, ќе работиме заедно на зачувувањето и заштитата на нашите уникатни екосистеми и ќе промовираме одржливи практики на користење на земјиштата.

Ќе поддржиме инвестиции во климатски отпорна и еколошки одржлива инфраструктура и мерки за подготвеност против катастрофи, со цел да се заштитат нашите општества од влијанието на екстремни временски услови.  Поплавите кои ги погодија Словенија и Хрватска оваа година, како и шумските пожари низ регионот се потврда за потребата од заедничка работа и взаемна помош во справувањето со заедничките предизвици.  Солидарноста е вредност која постојано била интегрален дел од нашата соработка.  Во тој дух, го охрабруваме осмислувањето и употребата на добри практики, вклучително и преку европските механизми, со координирање на помошта и на билатерално и на мултилатерално ниво, со цел да се осигураме дека помошта секогаш ќе биде достапна за оние кои имаат најголема потреба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy