Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Декларација, договор меѓу јавниот и приватниот сектор, економијата пред политиката, извозот над сите нив
Економија

Декларација, договор меѓу јавниот и приватниот сектор, економијата пред политиката, извозот над сите нив

05/06/2023

AA

Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат дека почетната точка треба да биде Декларацијата за општествен консензус што Комората минатата година ја усвои на 100 годишнината од своето постоење.

Ако таа е потпишана од преку 300 најзначајни наши компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации, тогаш е јасно дека мора да се тргне од таму. Декларацијата на прост и едноставен начин констатира три работи: состојбата на македонската економија во моментот, причините за тоа и излезните решенија.

Што значи тоа на разбирлив јазик? Тоа значи дека во наредните 10 години со општествен консензус потпишан од сите чинители, сегашни и идни креатори на економските политики треба да се даде приоритет на економијата во однос на политиката, како би се направил неопходниот пресврт.

Уште повеќе луѓе ме прашуваат како мислите со декларација да остварите таква значајна работа. Нашиот одговор е многу прецизен. Со потпишување на договор за меѓусебните односи помеѓу приватниот и јавниот сектор, во кој договор ќе има прецизно наведени носители, временски рокови и останати алатки потребни за неговото спроведување.

Врвен приоритет во тие 10 години обележани со економските активности мора да биде извозот. Тоа го потврдуваат сите оние кои прашуваат, но и многу други кои знаат што е решението на економските проблеми на една мала земја како што е Македонија.

Во тој контекст, во четврток во Стопанската комора се организира стручна дебата каде јас во улога на претседател на Националниот совет за извоз ќе разговарам со реномирани домашни и меѓународни претставници од бизнис секторот и академијата. Мои гости ќе бидат академик Гоце Петрески кој ќе зборува зошто постоечкиот економски модел не може да испорача повисоки стапки на раст и која е улогата на извозот во забрзување на растот, професорот Дарко Лазаров кој ќе зборува за клучните проблеми и слабости со кои се соочува македонскиот извоз и како тие адресирани слабости да се надминат, претседателот на Белгиската комора Оливер Вилокс кој ќе го сподели искуството на Белгија како успешна извозно ориентирана и развиена економија, професорот од престижниот лондонски универзитет Славо Радошевич кој преку искуството на земјите од Југо-Источна Европа ќе даде предлози како нашата економија подобро да се интегрира во регионалните и глобалните ланци на снабдување, и неколку наши успешни бизнисмени кои ќе го споделат своето искуство за тоа како нивните компании станале успешни извозни компании и што е она што државата и Комората треба да го направат за да бидат вистински сервис на извозните компании.

Бидејќи кажавме дека нема да се занимаваме со минатото, ние во четврток ќе поставиме една цел. Во наредните години двојно да го зголемиме процентот на компании кои извезуваат, од сегашните 5% на 10%. И секако да го дуплираме бројот на производите-од 440 производи со компаративна предност да извезуваме двојно повеќе производи, а најголем дел од нив да бидат производи со висока додадена вредност.

Како ќе го оствариме тоа? Кај нас во Комората е сосема јасно дека централно место ќе имаат Националниот совет за извоз, Советот на странски инвеститори и Клубот на извозници. Државата заедно со економската дипломатија исто така треба да изврши преструктурирање во економските ресори за да обезбедат директна поддршка на извозните компании, а  нашите фирми ќе треба брзо да се преструктурираат и да се ориентираат кон извозните можности.

П.С. Кога зборувам за извозот ќе ја земам за пример Германија која е најголемата економија во Европа и најважен трговски партнер на над половина од европските земји. За нас е број 1. Најголем трговски партнер на Македонија со вредност на извозот од 3.740 милиони евра. Но целиот наш извоз таму се сведува на 10 компании и 10 производи. 87.2% од македонскиот извоз кон Германија го прават 10 компании, а 87.4% од вкупниот извоз е базиран на само 10 производи. На крај, од вкупниот извоз на Македонија во Германија, земјоделско-прехранбениот сектор како еден од нашите најзначајни стратешки извозни сектор учествува со само 1%. Ова е поразително, но од друга страна покажува колкав е нашиот неискористен извозен потенцијал кој како земја го поседуваме и кој сите заедно мора да работиме за да го искористиме!

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанскат комора на Северна Македонија

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy