
Дефанзивецот на Копенхаген: Гарначо е кловн!
Аргентинецот тогаш го копаше местото кај белата точка, но во данската престолнина го чуваа двајца домашни фудбалери за да не го направи истото. Еден од нив, Денис Варво нема многу добро мислење за Гарначо.
„Според мене, тој е кловн, има менталитет на палаво дете. Го правеше истото на првиот натпревар, сега го зграпчивме и му рековме да не се приближува до белата точка“, откри Варво.
Копенхаген славеше со 4-3 на домашен терен, а вториот гол, длабоко во судиското продолжение од првото полувреме, го постигна од пенал.