
Дедо Мраз утре со хеликоптер ќе дојде во Петровец
Утре, 23 декември (сабота), во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.
Манифестацијата, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ, ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната ,,Страшо Пинџур“, со прелет и слетување на хеликоптерот со армискиот „Дедо Мраз“ во 11.00 часот.
Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.