Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дедо Мраз слета со хеликоптер во Петровец: Специјално изненадување за децата на македонските мировници
Македонија

Дедо Мраз слета со хеликоптер во Петровец: Специјално изненадување за децата на македонските мировници

27/12/2025

AA

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро здравје, успех и просперитет во новата 2026 година.

„Се чини дека никогаш на светот мирот не му бил попотребен, но се чини и дека нашата вредност, вашата на мировниците, ама и на македонската Армија, никогаш не била повидлива. Нема место на кое што вие, нашите мировници, не сте рамноправно третирани.

Затоа денеска ми е особена чест овде во друштво на вашите сопруги, на вашите сопрузи, на вашите деца да ви се обратам и да ви посакам не само успешна работа, туку и да нема потреба можеби од толку често одење. Вие вашиот придонес го дадовте и го давате, ние цврсто веруваме во мирот, но се разбира, мирот не зависи само од нас и мора секогаш и таму и овде да бидеме подготвени. Впрочем, тоа и постојано го правиме“, рече претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање пред присутните.

Министерот Мисајловски  на оваа средба која „има особена тежина и значење” упати благодарност до мировниците за нивната “служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас.” На членовите на семејствата на мировниците, министерот им порача да бидат силни, трпеливи и горди на војниците.

“Свесни сме дека зад секој мировник стои семејство кое ги споделува и грижите и гордоста. Министерството за одбрана и Армијата остануваат цврсто посветени да бидат ваша поддршка – не само симболично, туку и суштински, секогаш кога тоа ќе биде потребно”, рече министерот.

Мисајловски им се заблагодари на претседателката и началникот на Генералштабот за одличната и континуирана соработка од која бенефит има секој припадник на Армијата.

Началникот на Генералштабот, во своето обраќање изрази уверување дека мировниците професионално и посветено ги извршуваат своите задачи.

Во оваа прилика генералот Лафчиски ѝ се заблагодари на претседателката за континуираната поддршка во реализацијата и реафирмацијата на досегашните и тековните активности. Тој ја поздрави и грижата на министерот за одбрана за семејствата на мировниците, како и сите активности што се преземаат во насока на зајакнување и унапредување на Армијата како успешна институција. Притоа истакна дека Армијата претставува едно големо и сплотено семејство и нагласи дека се гордее што е дел од него.

„Армијата е едно големо, сплотено семејство и јас се гордеам што сум дел од тоа семејство. Ние секогаш сме тука за вас и за вашите семејства, кога и да е тоа потребно“, истакна Началникот на Генералштабот.

На крајот од своето обраќање, тој им ја честиташе претстојната 2026 година, посакувајќи им добро здравје и успешна работа, со желба и понатаму да се среќаваат со нови успеси и победи во новата 2026 година.

Претставниците на македонската Армија ангажирани во мисијата на НАТО во Косово (КФОР), ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата на Обединетите Нации во Либан (УНИФИЛ), како и во НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“ во Бугарија, Романија и Летонија и националниот претставник во мисијата во Германија ја истакнаа својата висока мотивираност и подготвеност за професионално извршување на сите доделени задачи, достоинствено претставувајќи ја татковината.

Во рамки на денешната активност, претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски им поделија новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Настанот беше заокружен со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, кој пристигна со армискиот хеликоптер Ми-8/17 од Воздухопловниот ВИНГ, што внесе празнична атмосфера и радост кај најмладите.

На денешната активност, покрај семејствата на мировниците присуствуваа командантите на прво потчинетите команди и единици и претставници од  Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy