
Дедо Мраз пристигна и во Владата: Насмевки и празнична магија за најмладите
Владината зграда денеска беше исполнета со детска смеа и празнична атмосфера.
Наместо вообичаените политички дебати и состаноци, во свечената сала се одржа новогодишна приредба каде главен гостин беше Дедо Мраз, придружуван од своите помошници – џуџињата.
Премиерот Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по повод настанот, истакнувајќи ја важноста на грижата за најмладите.
„Владата денес во поинакво руво. Најмладите меѓу вработените, со најголемата надеж. Млади лица, големи соништа. Владата денес чекори со нив, нивната радост е нашата сила. За децата денес, за иднината утре“, напиша Мицкоски во својата објава.
Овој настан стана симбол на заедништво и потсетување дека најголемиот влог на државата е токму во идните генерации.
