
Деца одат на училиште преку искршениот мост во Лажец
Жители од битолските село Лажец реагираат на искршениот мост преку кој секојдневно минуваат и деца.
Мостот се наоѓа до тамошното основното училиште „Крсте Петков-Мисирков. Оттаму за ТВ-Тера изјавиле дека никој не знае како дошло до кршење на мостот, но ваква е состојбата веќе извесно време.
Мостот претставува пат преку Лажешка Река, кој води до училиштето. Деца на возраст од четири до четиринаесет години го минуваат овој мост, често паѓале, па реката којашто и светот ја дефинира како поток остава каллива трага на нивните обувки и облека.
Од Општина Битола нагласуваат дека во селото Лажец, во втората половина на 2023 година беше извршена реконструкција на две локални улици, за што од општинскиот буџет беа инвестирани 1.092.578 денари.
– Овој проект беше побаран од страна на месната заедница како еден од најприоритетните за ова населено место. Имајќи предвид дека, во општина Битола има 65 населени места, општината води еднаква грижа за сите рурални средини со цел да може да се издвојат доволно средства за решавање на приоритетните проблеми во што поголем број населени места – изјавија од општината.

