Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дебитантот не разочара, Турција победи со два еврогола (ВИДЕО)
Спорт

Дебитантот не разочара, Турција победи со два еврогола (ВИДЕО)

18/06/2024

AA

Репрезентацијата на Турција денеска на Европското првенство играше против единствениот дебитант на првенството Грузија и славеше победа од 3:1. Иако загубија, може да се каже дека Грузијците сосема добро се претставија.

Натпреварот започна динамично, Турција имаше повеќе од играта, но и Грузија знаеше да се закани. Резултатот беше отворен по 25. минути игра со фантастичниот волеј на Мулдур. Само две минути подоцна повторно се тресеше мрежата на Мамардашвили, но тој гол на Јилдиз беше поништен по реакција од ВАР поради недозволена позиција.

 

Müldür has just scored the goal of the Euros so far 😳

Turkey 1-0 Georgia pic.twitter.com/2ccr8e9iou

— Dr_MulleR (@Arafa_24) June 18, 2024

Грузија од тој момент заигра и подобро, а таквата игра им се исплатеше веќе во 32. минута кога Микаутадѕе ја погоди мрежата на Турција. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Вториот дел донесе помирна игра, двете репрезентации како тука повеќе да мислеа на својот гол.

Georgia back in the game

Turkey 1:1 Georgia

What a goal from Mikautadze pic.twitter.com/r1thnGO6O2

— Kara (@UTDKara) June 18, 2024

За ново водство се погрижи младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер кој на маестрален начин ја затресе мрежата во 65. минута од средбата.

GOALL Turkey what an insane goal by Arda guler
Turkey 🇹🇷 2-1 Georgia 🇬🇪 #EURO2024 #TURGEO pic.twitter.com/0Vg1snufrg

— EURO2024 🇪🇺 (@incontextfutbol) June 18, 2024

Грузија до крајот имаше уште неколку одлични прилики, посебно во завршницата, а кога не ги искористи точка на натпреварот стави Актуркоглу кој погоди на празна мрежа бидејќи голманот Мамардашвили во обид по изедначување се пресели пред турскиот гол.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy