Дебитант во Лигата на нации ќе ѝ суди на Македонија против Летонија
Станува збор за 33-годишен судија, без големо интернационално искуство, кому мечот на Градскиот стадион ќе му биде прв во кариерата кога станува збор за Лигата на нации. Досега има судено вкупно шест натпревари во европските купови и еден во европските квалификации за ЕУРО 2024, а најмногу бил присутен на младинските европски првенства.
Се разбира, Кикачеишвили првпат ќе ѝ суди на македонската репрезентација која в четврток треба самп официјално да го потврди првото место во својата група и пласманот во повисок ранг.