Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА – и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има
Економија

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА – и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

19/04/2024

AA

Ланската добивка
е послаба од онаа во претходната година. Но дивиденда за акционерите сепак ќе
има.

Иако таа не е
екстремно голема и изнесува вкупно нецели 50 илјади евра, а по акција ќе се
делат 143 денари во бруто износ, што сепак е помалку од минатата година, битно
е дека ова е втора година по ред како се исплатува дивиденда, по претходни шест
години во кои тоа не беше случај.

Да одиме со ред.

Познатото бањско
одморалиште во Западна Македонија „Дебарски бањи – Цапа“, лани остварло добивка
од околу 237 илјади евра, што е помалку во однос на 352 илјади колку што се
остварија во 2022 година, и кога дивидендата по акција изнесуваше 214 денари и
тоа во нето износ.

Но, од овие 237
илјади евра профит компанијата не сака сите да одат за дивиденда, туку за
дивиденди да се искористат само 49 илјади евра.

Додека, пак, планот
е најголемиот дел од 163 илјади евра да се намени за инвестициски вложувања,
односно реинвестирање, како што стои во предлог одлуката за распределба на
добивката.

Потоа, како
нераспределена добивка да остане нешто над 13 илјади евра, додека, пак, како
законски резерви ќе одат нецели 12 илјади евра.

 Како што говори Централниот депозитар за
хартии од вредност, доминантен и управувачки сопственик на Дебарските бањи е
Меџит Цапа, кој поседува 85,46 отсто од акциите, додека, пак, покрај него, уште
99 домашни физички лица, располагаат со 14,4 проценти од капиталот на
компанијата, а само едно правно лице има сосема мал процент акции од компанијата.

Тоа би значело
дека на Меџит Цапа во форма на дивиденда ќе му следуваат околу 42 илјдаи евра,
а другите акционери физички лица заедно ќе поделат околу седум илјади евра.

За овие одлуки ќе
треба да гласа Собранието на акционери на седница која ќе се одржи на 21 мај
оваа година.

А, доколку се
погледне Билансот на успех на компанијата кој е содржан и во ревизорскиот
извештај, може да се види дека „Дебарски бањи – Цапа“ лани имале подобри
приходи од дадените услуги во земјава во споредба со претходната 2022 година, но
имале и поголеми трошоци за суровини и материјали, како и повисоки трошоци за
вработените, трошоци за надомест на членовите на одборите и слично.

Фактор објави и за дивидендата која се однесуваше за 2022 година, а чии износ беше повисок од оној за оваа година, а следуваше по шест години „посен период“ без дивиденда за акционерите.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy