
Де Јонг распука по шпанските новинари: Некои од вас треба да се засрамат!
Фудбалерот на Барселона денеска имаше жестоко обраќање кон новинарите.
„Има многу лажни стории во медиумите. Некои од вас треба да се засрамат, ова треба да прекине“, рече Де Јонг.
„Луѓето измислија бројки за мојата плата. Информациите за плата од 40 милиони евра е многу далеку од тоа што реално го заработувам“.
„Зборувате за мојот договор, мојата ситуација во тимот и мојата плата. Многу чад, многу лаги“.
„Многу сум среќен во Барса и се надевам дека ќе останам тука уште многу години“.